Астрономите и астрофизичарите тврдат дека вонземјаните постојат и не набљудуваат, но ние сеуште немаме технологија да ги откриеме и да стапиме во контакт со нив. Тие очекуваат долгоочекуваната средба да се случи наскоро.
Најновите технолошки истражувања отворија пат да се проучуваат милиони, до сега непознати ѕвездени системи и значително ги зголемија шансите да се пронајде интелегентен живот во вселената во наредниот период. Научниците признаваат дека ова е како барање игла во сено, но сепак се оптимисти дека ќе пронајдат интелегентни вонземјани.
Тие велат дека не знаат многу за нив и дека не се сигурни дека тие би сакале да стапат во контакт со луѓето.Уверени се дека вонземјаните имаат организам сличен на човечкиот, бидејќи користат органски материи на база на јаглерод, имаат централен нервен систем, очи, една или две усти, нозе и способност за некој вид на репродукција. Меѓутоа научниците сметаат дека нивната интелегенција е многу светлосни години пред нашата.