Со цел оживување на споменот на подзаборавените значајни охриѓани и по повод 99 години од раѓањето на Иван Точко, утре, 9-ти јануари, ќе биде претставено дел од творештвото на овој значаен македонски писател. Средбата со делото на Иван Точко ќе започне точно на пладне во КИЦ „Култура 365“ на ул.„Цар Самоил“ 34, во Охрид.
Иван Точко е роден на 9 јануари 1914 година во Охрид. Литературната активност ја започнал во 1933 година со неговиот прв расказ „Нашиот поет“. Потоа следуваат бројни раскази, минијатури и новелети, а својата творечка активност ја завршува како драмски писател со неговата последна драма „Под Акропол“ издадена во 1973 година. Животот му завршува ненадејно истата година, во сообраќајна несреќа.