Утре на 17-ти јули 2016 година, со почеток во 21 часот во културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид ќе одржи средба со италијанската ликовна уметница Мануела Капраро – Аналеута. На средбата присутните ќе имаат можност да се запознаат со творештвото на уметницата која ќе се претстави со свој уметнички проект.

Капраро е уметница од Италија која живее и работи во Лондон. Дипломирала ликовни уметности на Универзитетот „Ла Сапиенца“ во Рим. Има десетгодишно искуство како сликарка, исто како и многубројни изложби во Берлин, Амстердам, Мајами, Рим, но и самостојни изложби во Лондон. Таа постојано трага по нови стилови и го проширува влијанието и инспирацијата од арапската култура создавајќи нов мост на нејзиниот веќе познат стил на геометриски дизајни („Патот на Грција е Африка“ – „La via della Grecia e Africa“) со нов поглед на светот како цвет („Патот на Персија и Индија и Кина“ – „La via della Persia e India e Cina“).

Таа работи како слободна уметница при FineArt4Kids успевајќи да ја спои својата страст за уметноста со љубовта кон децата.

OhridNews