Уставниот суд како врвна иснтитуција по ранг заслужува многу подобри услови за работа, беше речено на средбата помеѓу претседателот Бранко Црвенковски и членовите на Уставниот суд што денеска се одржа во Охрид.
“ Уставниот суд е сместен во зградата на ССМ, што е редок пример во било која држава и државата и сите институции во многу кус период треба да направат се за да се подобрат просторните, матерјалните услови и да се изврши кадровска доекипираност со цел уставните судии да бидат исклучиво посветени на вршење на својата основна задача а не да се бават со овој тип на потешкотии кои ги оневозможуваат да бидат поефикасни и поажурни“, истакна претседателот Црвенковски.
На средбата станало се разговарало за активностите и проблемите со кои се соочува Уставниот суд како и за тоа како се спроведуваат одлуките на оваа институција.
Ја сметаме оваа работна средба за корисна, и ние настојуваме со сите институции на системот да имаме соработка во функција на развивање на демократските вредности зацртанио со Уставот, истакна претседателот на Уставниот суд, Махмут Јусуфи.
Претседателот Брнако Црвенковски утре во вилата Билјана во Охрид ќе се сретне со српската принцеза Катерина, а подоцна ќе оствари средба и со претседтседателот на Светската адвокатска комора, Пауло Лима Есилва.
Г. Момироски