Претседателот на државата Бранко Црвенковски кој деновиве престојува во летната резиденција во Охрид, денеска оствари средба со дописниците на националните медиуми и новинарите од локалните радио и тв станици. На средбата претседателот и новинарите разменија мислења околу актуелните случувања во државата  и Охрид. Претсдателот меѓу другото се интересираше каква е туристичката сезона во Охрид ова лето, а се разговараше и на политички теми на кои Црвенковски се осврна и на синоќешната трибина во Центарот за култура.  Новинарите се интересираа дали Црвенковски повторно ќе се кандидира за претседател на државата, кој одговори дека 99% ја има донесено одлуката за тоа, но поради едниот процент истата ќе ја соопшти подоцна на јавноста.


Црвенковски се сретна со новинарите од Охрид