Со почеток во 18 часот, денес, во ресторанот „Белведере“ што се наоѓа до Центарот за култура „Григор Парличев“, кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче и претседателот на партијата, Петар Колев, ќе имаат средба со жителите на Охрид.

Како што е најавено, Трендафилов-Нанче ќе ги претстави своите приоритети за развојот на Општината и ќе одговара на прашања поставени од присутните.

OhridNews