Заедничка средба  на семејствата на загинатите бранители и претставници на здружението на резервни офицери и здружението на загинати и заробени бранители од конфликтот во 2001 година, со министерот за одбрана Зоран Коњаноски, денеска се одржа во воениот камп во Св. Наум.


Изразувајќи почит кон војниците кои го дадоа животот на браникот на татковината, министерот Коњаноски истакна дека Министерството за одбрана и натаму ќе ги помага семејствата  на бранителите во рамки на своите можности.

Свесни сме дека сите прашања не се затворени, има некои кои и понатаму ќе се решаваат, за некои од нив не треба средства, треба повеќе внимание кое ние должно ќе им го оддадеме на семејствата. И натаму ќе помагаме колку што можеме и секогаш ќе бидеме тука да внимаваме на тие семејства затоа што нивните најблиски ги дадоа своите животи за  Република Македонија, рече Коњаноски.

Тој најави дека по повод Денот на АРМ – 18 Август, утре во кругот на Генерал штабот на АРМ во Скопје ќе биде откриено спомен обележје посветено на бранителите кои во воениот конфликт во 2001 година го дадоа животот за татковината.


Претставниците на здруженијата на браниталите истакнаа дека се задоволни од досега преземеното од страна на Министерството за одбрана и изразија очекување дека државата целосно ќе ги исполни преземените обврскит.

Ohridnews