Во организација на здружението „Живот со предизвици“, во Охрид ќе се одржи Прва балканска средба на семејствата со Алпорт синдром – ретка болест на бубрезите.

Средбата ќе се одржи од 31 август до 2 септември.

На средбата ќе се обратат и свои излагања ќе имаат градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, министерот за здравство Венко Филипче, претставници на националното здружение „Живот со предизвици“, стручни лица и експерти од земјата и странство.

OhridNews