Љубителите на пишаниот збор во Охрид денеска во градската библиотека „Григор Прличев“ се сретнаа со писателот Венко Андоновски.
Средбата на Андоновски со читателите се одржа во Прличевата одаја, а делата на овој исклучително плоден автор ги претставија Кристина Николовска и Славе Ѓорѓо Димоски.
Андоновски е автор на десетина романи и раскази. Добитник е на Рациновото признание, наградата „Стале Попов“ на ДПМ, а за романот „Папокот на светот“ ја доби престижната меѓународна книжевна награда „Балканика“. Андоновски е член на ДМП и на Македонскиот ПЕН-центар.
ohridnews