На средбата присуствувале бизнисмени, членови на управниот одбор на македонската црква Света Троица со седиште во Минхен, преставници од црковните општини, како и истакнати македонци од областа на културата и науката, меѓу кои имало и охриѓани. Тие на министерот му ги изложиле своите идеи и проекти за кои се заинтересирани македонските иселеници и бизнисмени од Р.Германија.
Нашите во Германија изразиле надеж дека во иднина контактите на матичната држава со иселениците ќе се интензивираат, и дека идеите кои се од заеднички интерес ќе се реализираат.