Лица со атипичен развој од годинашниот „Inclusive Wellness Society“ камп денеска ќе имаат средба со учесниците на 36-тиот Охридски пливачки маратон, пред самиот старт на маратонската трка.

Запознавањето со маратонците пред стартот на трката и симболичното испраќање на пливачите се дел од активностите за инклузија и интегрирање на лицата со атипичен развој во спортот.

Активноста ја спроведува спортското друштво „ИТК Македонија“, што во рамки на кампот организира и трибина за подигање на свеста за инклузија на лицата со атипичен развој во спортот, која е предвидено да се одржи во 10 часот во автокампот „Љубаништа“.

Годинава, во рамки на „Inclusive Wellness Society“ се одржува и четиридневен Летен пливачки камп со инклузивен карактер, со присуство на гости од земјава и од соседна Србија.

Проектот е поддржан од „EU Civil Resilience Mechanism“ и Европската Унија.

OhridNews

фото. Архива