Охрид е домаќин на 12- тиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија, на кој се разговара за организација на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и Министерството за локална самоуправа. На состанокот учествува и заменик генералниот секретар на (АЛДЕ) Јохана Линдбом, инаку член на Комитетот на регионите на Европската унија, која вечерва на лична иницијатива остварила двочасовна работна средба со советникот и претседател на ОО ЛДП-Охрид Дејан Блажевски.

На неофицијалниот состанок, се разговарало за статусот на процесот на проширување и вклучување на локалните власти како и за фискалната децентрализација, информираат од ЛДП. Оттаму додаваат дека личната покана за советникот Блажески, била резултат на постојаниот мониторинг на локалните самоуправи од страна на претставниците на ова тело. На средбата било поздравено дејстувањето на советникот и му била изразена поддршка во справувањето со притисоците со кои тој се соочувал во рамки на политичкото делување. Блажески, на средбата ја запознал соговорничката со состојбите и проблемите на градот.

Покрај заменик генералниот секретар на (АЛДЕ), Јохана Линдблоом, на средбата присуствувала и градоначалничката на Општина Трбовље – Словенија, Јасна Габриќ, исто така член на Комитетот на регионите на Европската унија. Заклучоците се однесувале на воспоставување понатамошна постојана комуникација и соработка, информираат од ЛДП.

OhridNews 

Мигрантската криза- една од темите на состанокот организиран од ЗЕЛС во Охрид