Градоначалникот Никола Бакрачески започнува со одржување на средби со жителите од секоја од урбаните заедници од општината.  Денес со почеток во 17 часот, во големата сала од општинската зграда, ќе оствари средба со жителите на урбана заедница Центар.

На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на јавните претпријатија. Целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на жителите и можностите за нивно побрзо решавање.

OhridNews