Градоначалникот Константин Георгиески денес оствари средба со сопствениците на угостителските објекти кои имаат платформи на охридското крајбрежје, а не се концесионери,со цел да се разговара за евентуалните чекори кои ќе бидат преземени согласно препораките на УНЕСКО за отстранување на нелегално изградените објекти, меѓу кои се и споменатите платформи.

  • Се информиравме околу акцискиот план, да видиме како ќе се развиваат понатаму работите и какви решенија ќе се донесат. Ни беше кажано дека треба најпрво да се извршат анализи околу влијанието на платформите врз животната средина, па потоа ќе ни биде кажано што треба понатаму да биде преземено. Можеби ќе треба да ги преправиме платформите и наместо метални основи да поставиме дрвени. Да се изнајде некакво заедничко решение. Рековме ако треба да се тргнат платформите, ќе ги тргнеме, изјави претседателот на здружението на охридските угостители, Михаил Мишев.

Меѓудругото, угостителите на одржаната средба побарале да бидат вклучени во подготовката на акцискиот план и да бидат навреме информирани околу следните чекори кои ќе се преземат во насока на задоволување на барањата на УНЕСКО.

OhridNews