Урбанистичките проблеми и подобрување на условите биле тема на средбата на жители од населбата Лагадин в.д. градоначелникот на Охрид и кандидат за градоначалник Константин Георгиески, одржана вчера.
Разговаравме за решение кое ќе овозможи стопирање на спорното градење по основ на спорниот Општ акт за Лагадин до донесувањето на нов ДУП кој ќе биде изработен според високите стандарди и китериуми на новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање кој треба да биде наскоро донесен, како и во склад со препораките на УНЕСКО.-стои во соопштението од средбата.
Жителите сметаат дека заеднички може да се придонесе во заштитата на Охридското Езеро и природната реткост на регионот и дека ќе бидеме пример и за останатите подрачја во зачувувањето на природата и паметното и еколошко живеење.