Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Дејан Пановски , поведе иницијатива за одржување на  координативни средби на ниво на државни секретари на Министерствата за животна средина во Југоисточна Европа .

Првата средба е закажана со државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање на територијата Косово на 23 Април 2007 година во Приштина

Целта на средбите ке биде воспоставување на комуникација и координација на активности поврзани со заштитата и управувањето со животната средина а главните теми ќе бидат : процесот на усогласувањето со законодавството на ЕУ во областа животна средина , продлабочување на билатералната и регионалната соработка и развивање на потенцијални заеднички проекти и инвестиции во областа животна средина. Иницијативата планирано е да заврши со заедничка конференција кон крајот на годината во Охрид на кој би се излегло и со заедничка декларација за соработка во регионот во областа  животна средина.

Првично , ќе се одржат средби со земјите,териториите, кандидати или потенцијални кандидати за ЕУ а потоа со земјите членки на ЕУ во регионот.