Градоначалникот Никола Бакрачески денеска имаше работна средба со новоназначениот началник на СВР Охрид, Оливер Ефтимов и неговите соработници. На средбата беше истакната досегашната успешна соработка на локалната самоуправа и полицијата, со уверување дека таа ќе продолжи и во иднина.
Градоначалникот Бакрачески го потенцира значењето на унапредување на комуникацијата и координацијата на активностите на локалната самоуправа и СВР Охрид, се со цел за поголема безбедност на граѓаните и гостите кои престојуваат во Охрид.
Началникот Ефтимов, изрази увереност дека полицијата е подготвена во иднина, уште поуспешно да одговори на безбедносните предизвици и да ја подобри соработката со локалната самоуправа.
OhridNews