Градоначалникот Никола Бакрачеси денеска имаше прва протоколарна средба со неодамна именуваниот амбасадор на Република Кина во земјава, Вен Џеншун.
На средбата беше оценето дека двете земји имаат одлични меѓудржавни односи, кои се добра основа за соработка меѓу градови од двете земји.
„Позитивно беше оценета досегашна соработка меѓу градот Далиан и Охрид и беше предложено да се воспостават пријателски односи со градот Шенжен.“ – информираат од општина Охрид.
Охридскиот градоначалник го запозна амбасадорот Џеншун со можностите на Охрид за соработка во областа на туризмот, културата, стопанството, образованието и другите сектори.
„Амбасадорот Вен Џеншун вети дека ќе се заложи кај кинеските тур-оператори кои оперираат во Европа за вклучување на Охрид во некоја од кружните тури.“ -велат од општина Охрид.
Исто така, во разговорите на кои присуствуваа директорот на фестивалот „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска и музичкиот селектор Гордана Јосифова – Неделкоска, беше оценето дека охридскиот фестивал има одлична соработка со кинеските уметници.
OhridNews