Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, денеска, остварил работна средба со градоначалникот на општина Струга и претседател на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села.
-На средбата било разговарано за актуелните политички случувања во Република Македонија. Од двете страни боло констатирано дека единствен услов за излез од политичката криза итно формирање на преодна влада со јасен мандат, влада која ќе ја врати демократијата во Македонија. – информираат од ЛДП.
Села истакнал дека во Македонија е неопходно да се отпочнат суштински разговори за подобрување на статусот и правата на Албанците.
OhridNews