Министерката за внатрешни работи на Р. Македонија, Гордана Јанкуловска, денеска во Охрид оствари средба со својот босански колега, Тарик Садовиќ. На средбата се разговарало и за проширување на успешната соработка помеѓу двете министерства во областа на борбата против криминалот и евроинтеграциите. За таа цел двајцата министри во Охрид потпишаа два договори, за реадмисија и за соработка во борбата против организираниот криминал, тероризмот и нелегалната трговија со луѓе и опојни дроги.


средба Јанкуловска Садовиќ во Охрид

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот на приведување на неколку малолетни деца со полициска станица без знаење на родителите и наставниците од училиштето, што се случи во Скопје, министерката Јанкуловска информираше дека истрагата што ја спровела внатрешната контрола покажала пропусти во постапувањето на полициските службеници. Министерката најави дека против тие полицајци и нивните претпоставени ќе бидат преземени соодветни мерки а случајот ќе го разгледува комисијата за откази. Јанкуловска рече дека најверојатно ќе биде изречена предолг мерка за прераспоредување на полициските службеници. За да не се повторуваат вакви пропусти во иднина Јанкуловска најави дека  ќе биде спроведена дополнителна обука на полицајците за постапување со деца и лица со хендикеп.

ohridnews
фото: Васко Бујароски