На средбата на делегацијата од Косово со раководството на ФФМ на чело со претседателот Хари Хаџи-Ристески, најмногу се разговарало за наредните чекори на ФС на Косово кој подготвуваа апликации за прием во ФИФА и УЕФА за што е побарано и подршка од нашата федерација.
Покрај подршката, гостите побарале и логистичка помош од ФФМ, соработка во доменот на судиските организации, натпреварувањето.
Што се однесува до одигрувањето на официјални средби на клубско и репрезентативно ниво ставот на ФФМ е да се следат потезите на Владата на РМ но и на УЕФА и ФИФА и продолжување на соработката по евентуалното воспоставување на дипломатски односи помеѓу Македонија и Косово и приемот на ФСК во интернационалните фудбалски организации.