Средбата, како што јави грчката национална новинска агенција АНА-МПА, била иницирана од Папандреу за време на вчерашниот телефонски разговор со Груевски, кој притоа му го честитал изборот за нов премиер на Грција, пренесува телевизијата Алсат.
На првата средба Груевски – Папандреу се очекува да стане збор за повеќегодишното отворено прашање за името меѓу Македонија и Грција и за македонските евроатланстки перспективи, а во тој контекст за добиениот позитивен извештај од ЕК и препораката за старт на преговорите за членство во ЕУ.
Груевски синоќа во Брисел се сретна со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана.