На средбата што беше договорена на заедничка иницијатива во духот на веќе воспоставената пракса на билатерални контакти на премиерско ниво, како што информира кабинетот на Груевски, биле разменети мислења и информации за повеќе прашања од заеднички и регионален интерес.
Двајцата премиери, меѓу другото, рзговарале и за предизвиците поврзани со светската економска криза, европските и евроатлантските интеграции на земјите од регионот, како
Ова е петта тет-а-тет средба Груевски-Папандреу. Претходните четири беа оценети како корисни за зголемувањето на довербата и разбирањето меѓу двете страни, но не донесоа напредок во решавањето на билатералниот спор за името.
Извор: “МИА”