Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците,  на 23-септември (среда),  се празнува еврејскиот празник Јом Кипур. Овој празник е неработен ден за  припадниците на еврејската заедница во Република Македонија.

Наредниот ден односно 24-ти септември (четврток) согласно со Законот за празниците се празнува празникот Курбан Бајрам. Овој празник е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед во Република Македонија.

OhridNews