Иако Општина Охрид мака мачи со сервисирање на 80 милиони денари тешкиот долг кон ЕВН-ЕСМ за потрошена електрична енергија, веќе извесен период дел од светилките на булеварот „Туристичка“ се вклучени сред бел ден.
светат и дење-светилките на бул. „Турисичка“
Причините за ваквата појава не се познати, а граѓаните реагираат дека не е прв пат дел од уличното осветлување да биде вклучено преку ден.
време е некој да ги поправи светилките
Се претпоставува дека во прашање е дефект на автоматиката која го регулира уличното осветлување, но се чини дека поправката колку и да чини, ќе биде поевтина од непотребниот трошок кој се прави со вклучување на светилките сред бел ден.
Г.М.