Над триста метри висечки риболовни мрежи се запленети денеска во водите на Охридското Езеро, во близина на населбата Св. Стефан, дознава OhridNews.

Мрежите случајно биле забележани од љубители на природата, кои случајот го пријавиле во полицијата. Околу 14 часот на местото на настанот присигнал полициски глисер, кој извршил заплена на мрежите и уловот.

Во моментов Охридското Езеро нема концесионер, а таквата ситуација ја користат рибокрадците кои продолжуваат да го пустошат рибниот фонд.

OhridNews