Охридската тениска надеж Павел Стевковски освои сребрен медал на турнирот во Скопје кој се одржа во тениската академија Аеродром.
10-годишниот Стевковски во тај-брејк изгуби во финалето од Самуел Честовалиев (4:1, 3:5, 4:5). Претходно, во полуфиналето Стевковски со пресврт го совлада својот противник и обезбеди пласман во финалето.
Помеѓу девојчињата добар турнир одигра Мина Петреска која од вкупно 13 натпреварувачки се пласираше меѓу четирите најдобри.
Следен турнир има викендов кој доаѓа во Охрид, додека поголем турнир ќе има на крајот од месец август.
OhridNews