Екипите на Охрид и Моби Дик освоија сребро односно бронза на турнирите кои се одржаа викендов во „Билјанини Извори“.

Машките ракометари во финалето од турнирот претрпеа пораз од ракометарите на Преспа, а „китовите“ успешната сезона ја заокружија со бронзен медал.

Турнирите во голем фудбал, кошарка и ракомет во машка и женска конкуренција беа организирани од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.

– Со овој турнир Ј.П. „Билјанини Извори“ им посакува добар летен одмор на сите ученици за кои во летниот период се предвидени нови спортски предизвици и изненадување на отворениот базен – стои во соопштението од јавното претпријатие.

Мх.П.