Веслачите на ВК “Југ” од Охрид настапија на меѓународната регата “Тракија” во Бугарија каде постигнаа забележителни резултати, меѓу кои и две медали.

По одличните возења во квалификациите, во финалето во дисциплината “Скиф” за сениори А. Ивановски го освои второто место и сребрениот медал, додека кај сениорките А.Ивановска заврши како трета за што и припадна бронзата.

Одличен пласман остварија и Н. Ѓорески во Скиф, кај пионерите, кој го освои 4. место,како и пионерката З. Јованоска, исто така во Скиф, која мораше да мораше да се задоволи со 5. позиција.