Јуни е месец на полуматурски и матурски прослави, но и на прослави на годишнини од матурирањето. Секој викенд во Охрид се одбележуваат десет, дваесет,триесет па и повеќе години од стекнувањето на полнолетството и завршувањето на средното образование,како влез во нова позрела фаза од животот. Вчера својата “сребрена матура” ја прославија матурантите од генерацијата 1883/84 година од гимназијата “Свети Климент Охридски”.


Со мотото “За годините изминати со љубов”, некогашните матуранти другаруваа цел ден. Заедничката средба на крајбрежјето продолжи со класен час во гимназијата со дел од професорите и класните раководители, за ноќеска во доцните часови забавата да заврши со песна и игра низ охридските  хотели и ресторани. „25 години поминаа од нашата матура.А,како да беше вчера,кога едвај чекавме да дојде нашиот ден на полнолетството и зрелоста и да излеземе од Гимназијата.Ни се брзаше ли, толку многу, тогаш во 1984-та или сега во оваа 2009,заклучуваме дека брзо поминале годините…..Утре е нов ден.Како генерација,продолжуваме понатаму во трка со животот. Продолжуваме заедно,свесни за годините претстојни,негувајки го пријателството и годините изминати со љубов“, рече Стефан Димоски во поздравниот говор пред генерацијата.


Генерацијата 1983/84 – Гимназија ја прослави сребрената матура

Многу позрели и поискусни, поранешните матуранти, сега изградени личности од различни професии, евоцираа спомени од најпалавите школски години, се забавуваа, тешко се разделија посакувајќи си да се гледаат уште многу пати и заедно да ја прослават “златната матура”.

Ohridnews