На рускиот меѓународен конкурс за шаховски проблеми објавени во текот на 2010 година, „Свети Ѓорѓи“ – 2010, на кој учествуваа потврдени творци со објавени и одликувани врвни дела, македонскиот проблемист Тоде Илиевски во групата помошни повеќепотези – минијатури се пласира на второто место, со што освои сребрен медал.
Рангирањето на проблемите е направено според просечната оценка добиена од тројца меѓународни судии – експерти од три земји во светот, кои деновиве ги сумираа резултатите.
Покрај одликуваниот шаховски проблем, во судискиот извештај се наоѓаат уште два проблема на Илиевски, па може да се заклучи дека успехот не е случаен, туку резултат на повеќегодишна работа и искуство, односно на непрекинато присуство во најугледните проблемски списанија и изданија во светот.