Основните училишта во град Охрид со седум преставници учествуваа на Државниот натпревар за Основно и Средно образование, кој се одржа изминатиов викенд во Куманово.


Од седумте натпреварувачи највисок пласман избори Јана Анѓелкоска, која го освои второто место. Анѓечкоса, која е четврто оддоление во Основното училиште  „Григор Прличев“ лекција им одржа на далеку повозрасните противници од себе.

Останатите шест шахисти кои го преставија во Охрид на Државното првенство се Никола Пазаркоски, Марија Маркоска, Христина Митреска, Јован Љаткоски, Гзим Демироски, Филип Неделкоски.

Мх.П.