Охриѓанецот Бојан Ристевски го освои сребрениот медал на 43-то издание на „Златниот гонг“ во категоријата до 69 килограми.


Во финалната борба Ристевски претрпе пораз на поени 10-9 од англискиот боскер Сем Мекнес и се закити со сребреното одличје.

Претходно вториот охридски боксер Сашо Лескароски беше елиминиран во првата рунда од Џош Кали по одлука на судиите.

Мх.П.