Охриѓаните Марјан Бошалески и Тони Цветкоски го освоија второто место на 11-то издание на „Beach Volleyball Ohrid 2017“ кое се одвиваше на плажата „Бафало“.

Охридскиот тандем со освојувањето на сребрениот медал го повтори ланскиот успех кога исто се искачија на второто место на пиедесталот.

„Beach Volleyball Ohrid“ веќе десет години стандардно се одржува во Охрид, односно на плажата „Бафало“ и го собира најдобриот одбојкарски крем на едно место.

OhridNews