Охридскиот бодибилдер Гоце Мојсоски додаде ново признание во богатата ризница откако во Америка се закити со сребрениот медал.


Мојсоски на подиумот се најде во средна категорија или до 80 килограми во исклучително силна конкуренција.

– Се подготвував неколку месеци во фитнес центарот „Фит Форм“ што еве вроди со плод освојувајќи го второто место. Натпреварувањето беше на ниво, конкуренција силна, затоа оваа награда добива на уште поголема тежина – рече Мојсоски.

Сребреното одличје од Америка за охриѓанецот е трет медал од големо натпреварување по двете сребрени медаљи од Светските првенства.

Мх.П.