Охриѓаните Марјан Бошалески и Тони Цветкоски го освоија второто место на јубилејното десетто издание на “Beach Volleyball Ohrid 2016“ кој се одржува на плажата „Бафало“.


Тандемот Бошалески/Цветкоски во финалето од категоријата рекреативци претрпеа пораз од бугарите Тончев/Митре во два сетови.

Малку среќа им фалеше на охриѓани во првиот сет кој го загубија со тесни 21-18. Во вториот сет бугарите доминираа и го добија со 21-12 и освоија златниот медал.


Во категоријата јуниори до 20 години триумфираа Санев/Стошиќ од Штип, а втората позицијата им припадна на скопјаните Стојанов/Џамбазов.


Кај девојките првото место го освоија албанките Тоља/Дамо победувајќи ги во финалето Тодоровска/Стојанова во два сетови.


Пласман:

Јуниори:

1. Санев/Тошиќ

2. Стојанов/Џамбазов

3. Иванов/Иванова

Јуниорки:

1. Тоља/Дамо

2. Тодоровска/Стојанова

3. Бартоли/Гјата

Рекреативци:

1. Тончев/Митрев

2. Бошалески/Цветкоски

3. Кожукаров/Кнапиќ

Фото галерија:

Мх.П.