Охридскиот боксер Бојан Ристески освои сребрен медал на турнирот „Радован Бишиќ“, кој се одржа во Босна и Херцеговина.


Во финалната борба до 69 килограми поуспешен боксер од Ристески беше домашниот Ермин Авдиќ, кој триумфираше на поени. Претходно охриѓанецот на поени во полуфиналето го елиминираше унгарскиот преставник Кусак.

За само три недели ова трет сребрен медал за Ристески. Жетвата на сребрени одличја започна од Златниот Гонг потоа следуваше турнирот во Косово, а продолжи во БиХ.

Мх.П.