Охридскиот бодибилдер Гоце Мојсоски го освои сребрениот медал на Светското првенство што се одржа во Марибор, Словенија.


Мојсоски со сребренето одличје од светскиот собир на бодибилдери не само што го повтори минатогодишниот успех кога се закити со бронзен медал, туку го освои посветлото одличје и се искачи едно скалило погоре.

Од светските првенства во колекцијата медали на Мојсоски му недостига само златниот медал, а тој најави дека следната година ќе атакува на него.

Мх.П.