Охридската фудбалска школа Фер Плеј на турнирот во Виена, Австрија се закити со сребрено одличје со генерацијата 2005 година.


Охриѓани со минимална победа 1-0 го совладаа Оле во четвртфиналето, а во полуфиналето со 2-1 славеа против Железничар.

Во финалето „виолетовите“ претрпеа пораз 4-3 во трилер натпревар од тимот на Крагујевац.

Со 13 погодоци играчот на Фер Плеј, Мартин Георгиески беше втор стрелец на турнирот во кој учествуваа екипи од целиот Балкан и Австрија.

Мх.П.