Охридската фудбалска школа „Академија Пандев“ со сребрен медал се врати од меѓународниот турнир во Макарска, Хрватска.
Сребрениот медал го освоија фудбалерите од генерацијата 2002 година која во финалето претрпе пораз од домаќинот.
Претходно, „академците“ водени од Агрон Мерко во полуфиналето го совладаа составот на Сараево со 2-0.
Втората генерација предводена од Горан Ашталкоски натпреварите на турнирот ги заврши во осминафиналето.
Мх.П.