Кампањата „Црвен телефон“ која за телевизија „Телма“ ја реализираше маркетинг агенцијата „Њу момент“ ја освои престижната награда „Сребрен лав“ на адвертајзинг фестивалот во Кан.
Кампањата „Црвен телефон“ на фестивалот се натпреваруваше во категоријата ПР лионс во конкуренција на речиси две илјади проекти. Ова е прв пат една рекламна кампања од Македонија да добие толку висока награда на фестивалот во Кан.
Се почна во март годинава кога телевизија „Телма“ со кампањата црвен телефон порача дека нема да подлегне на политички притисоци, без разлика од која страна доаѓаат. Црвениот телефон е симбол, па и агенцијата „Њу Момент“ оцени дека токму линијата што за време на Студената војна ја користеле Америка и Русија е доволна провокација за успешна кампања. Затоа во информативните емисии на „Телма“ неколку дена имаше црвен телефон чие ѕвонење го игнорираа сите новинари. Пораката беше дека никој не може да и сугерира на телевизијата како да известува.
OhridNews