Селекциите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и Латвија се ривалите на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одигра во 2020 година.

„Црвено жолтите“ имаа многу среќа во ждрепката и го добија релативно најлесниот противник од првиот шешир, репрезентацијата Полска. Од вториот шешир противник ќе им биде Австрија, од третиот Израел, а четвриот Словенија. Групата ја комплетираше Латвија.

Македонија ќе има добра прилика да се надигрува со ривалите во групата, а втора и можеби подобра шанса ќе биде баражот во плејофот од Лигата на нации.

Групите: 

Група А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово

Група Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург

Група Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија

Група Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија, Азербејџан

Група Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Гибралтар

Група Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта

Група Г: Полска, Австрија, Израел, Словенија, Македонија, Латвија

Група Х: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора

Група И: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казакстан, Сан Марино

Група Ј: Италија, БиХ, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн

Пласман на завршницата од ЕП, кое прв пат ќе се одржи во 12 земји обезбедуваат првите две селекции  на табелата од сите групи. Бројот на 24 учесници ќе се комплетира со четири селекции кои ќе победат во А, Б, Ц и Д лигата во Лигата на Нации.

Квалификациите почнуваат на 21 март следната година, а ќе траат до 19 ноември до 2019 година. Титулата на континенталниот собир ќе ја брани Португалија.

OhridNews