предупредување до МТВ1, А1, Сител и тв Канал 5 .
– Поради конкретни и аргументирани прекршувања, СРД покрена прекршочни постапки против ТВ Канал 5, бидејќи во прилогот за резултатите од испитувањето на јавното мислење не беа објавени потребните податоци, врз основа на кои јавноста треба да ја процени веродостојноста. ТВ АЛБ за платено политичко рекламирае и ТВ А1 за објавување на резултати од телевоутинг кое претставува нетранспарентно и ненаучно истражување на јавното мислење и за политичко рекламирање, изјави претседателот на СРД, Зоран Стефановски.
Тој ги повика радиодифузерите да престанат да вршат притисоци врз СРД и им порача да не се мешаат во неговата работа и да се придржуваат кон новинарските стандарди, а не до итересите на политичките партии и сопстевниците на медиумите.