Советот за радиодифузија на РМ на денешната седница, разгледувајќи го медиумското однесување на радиодифузерите во тек на изборната кампања, а во врска со акцијата “Ден на дрвото – Засади ја својата иднина”, одлучи да им укаже на сите трговски радиодифузни друштва дека за време на изборна кампања и во перидот на изборниот молк е забрането емитување огласи и реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општинит и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања, согласно член 84-а од Изборниот законик и член 7 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања .
Советот за радиодифузија на РМ нагласува дека тоа не значи дека радиодифузерите не треба да известуваат за акцијата “Ден на дрвото – Засади ја својата иднина”, која што Советот за радиодифузија на РМ целосно ја поддржува, туку, напротив, треба да информираат за настанот и за активностите на НВО вклучени во него.
СОВЕТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА НА РМ