Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејли Блинд одредено време ќе помине во болница и ќе отсустува од терените откако докторите му дијагностицирале воспаление на срцевиот мускул.
Сегашниот член на Ајакс се пожалил на вртоглавица на средбата со Валенсија во Лигата на Шампиони. Докторите веднаш му направиле детални прегледи на целото тело и откриле проблем во срцето. Блинд ги пропушти два натпревари, но ќе биде надвор од терените до целосното опоравување.
Блинд, ги смири фановите ширум светот, откако се обрати на социјалните мрежи. Тој изјави благодарност до сите за поддршката и убавите желби.
Thank you all 🙌🏻 pic.twitter.com/7Z32bcwb5X
— Daley Blind (@BlindDaley) December 21, 2019
OhridNews