Македонската спортска гордост Вардар ги комплетираше учесниците на фајнлфор завршницата во Лигата на Шампиони елиминирајќи го Пик Сегед во 1/4 финалето. „Црвено црните“ за титулата на Ф4 во Келн ќе се борат со Веспрем, Барселона и Киелце.

Избраниците на Гарсија Парондо на гостување во Сегедин претрпе пораз 29-25, но ја задржаа предноста од осум голови (31-23) од првиот меч одигра во Скопје и трета година по ред ќе бидат од елитното ракометно друштво.

Срцето јуначко на Вардар издржа кога немаше игра и кога Пик Сегед имаше неверојатен налет и резултат (22-13) кој го водеше во ТОП 4. „Црвено црните“ од пепелта се издигнаа од 40-та до 50-та минута кога со серија од 6-0 стигнаа до 22-19, а дојдоа и до два негатива 25-23. Унгарските ракометари притиснаа во финишот, но Вардар го спроведе во мирна завршница.

Човек на одлука беше Карачиќ кој реализираше осум голови, Кристопанс даде пет, а Дибиров застана на 4 голови. Во серијата на Вардар се разбрани Милосављаев кој запиша седум успешни интервенции.

Ждрепката за полуфиналните пресметки во ЛШ ќе се одржи во вторник и Вардар ќе го дознае ривалот. За потсетување, „вардарци“ првото учество на Ф4 го завршија со освојување на титулата, а второто со пораз и елиминација во полуфиналето од Монпеље.

OhridNews