Ужасни вести доаѓаат од Хрватска, откако тамошните медиуми, вечерва, информираа дека починала ракометната легенда, Златко Сарачевиќ (59).
Сарачевиќ починал во автомобил од Брза помош каде лекарите пробале да го реанимираат после срцевиот удар. 59-годишниот тренер при излегување од салата после мечот Подравка – Локомотива се пожалил на болки, а веднаш потоа паднал во безсознание.
Сарачевиќ како ракометар освојуваше златни медали со Југославија и подоцна Хрватска, а во богата играчка кариера настапуваше за најдобрите клубови во Европа. Во тренерската кариера не ги повтори успесите како ракометар.
OhridNews