Спортските центри од затворен карактер место да започнат со работа, со план и програма за термини и со  почитување на мерките и протоколите од Комисијата за заразни болести, тие ќе треба да мислат на иднината откако добија вето за реотворање од надлежните институции. Фитнес центрите и теретаните во целата земја започнаа со работа, што не е случај и со Спортско рекреативните центри. Од СРЦ Климент Колески испратија соопштение во кое го искажуваат револтот за селективното отворање на спортските центри и негрижа за малите бизниси.

Почитувани,

Најпрво сакаме да Ви се извинеме што ќе ви го уништиме ентузијазмот за фудбал и рекреација. Сепак , неодамнешната одлуката за отворање на голем број бизниси и настани не важ и и за спортските центри… Револтирани сме од селективноста во грижата за малите бизниси, кои треба да се столб на економијата а се третираат несоодветно.

Останува енигма како 12 лица на терен отворен од 3 страни на 1000м2 се поопасни од 30-40 лица во маркет или 100+ лица на митинг?!

Очигледно, игралиштата и спортските активности остануваат едни од последните бастиони и најстрашните извори на зараза. Искрено, се надеваме и веруваме дека климата во Република Македонија за брзо ќе се смени на подобро за сите, – се вели во соопштението од СРЦ Климент Колески.

OhridNews