Спортската сала „Билјанини Извори“ која е во склоп на спортско рекреативен центар се поднови со висечки кошеви. Новите кошеви чинат околу 700 000 денари, а скопска фирма ги изгради после добивањето на тендерот.

  • Години наназад се стремевме да направиме висечки кошеви, бидејќи моменталните кои ги имаме се движечки и многу се тешки и го оштетуваат паркетот на теренот. Паркетот во летниот период 2018 година го реновиравме но се оштети повторно од движечките кошеви. После собирањето на потребните финансиски средства распишавме тендер и фирмата која го доби за месец дена ги заврши кошевите заедно со правање и монтирање. – изјави директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.

Таа информираше дека движечките кошеви ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги задржи, бидејќи тој е еден од условите Охрид да биде домаќин на меѓународни кошаркарски натпревари.

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид тренира на новите кошеви, а утрешниот меч со Кожув во 13-та рунда од Првата лига ќе го одигра на старите движечки кошеви.

Мх.П.