Охридскиот ракометен клуб мечевите во вториот круг од плејофот во Супер лигата ќе ги играат во друга сала, откако СРЦ „Билјанини Извори“ се подготвува да биде регионален центар за вакцинација за жителите од Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.

„Гладијаторите“ уште утре во пресметката со Еурофарм Пелистер ќе бидат домаќини во СРЦ „Билјанини Извори“, а потоа најверојатно ќе се преселат во салата во Велгошти, која исполнува критериуми за суперлигашките мечеви.

Според најавите, в понеделник треба да пристигнат потребните паравани за физички одделување на лицата при вакцинација, а во салата ќе се отстранат сите реквизити и ќе бидат откажани сите спортски натпревари.

Во Центарот за јавно здравје пристигнал комората за чување на вакцините. Претходно, за потребите на вакцинирање во Скопје отстапена беше салата „Борис Трајковски“.

OhridNews